Кабинетот на министерот за здравство Фатмир Меџити одамна е дувло на непотизам. По принципот на непотизам исто така се вработува и кадар без соодветни критериуми и на скопските клиники, иако станува збор за врвни здравствени установи од терциерно ниво кои треба да се синоним за квалитет во здравствениот систем. Директно во кабинетот на министерот за здравство работи ни помалку ни повеќе, туку сестрата на неговата сопруга. Покрај сестрата на неговата сопруга, во кабинетот работи и нејзиниот брат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– По примерот на останатите семејни лози кои се вработуваат, како ќерката на екс пратеничката Мира Дизел, синот на директорот на Клиниката за урологија и ќерката на директорот на Клиниката за очни болести, во кабинетот на Меџити е ангажиран како советник на министерот и близок роднина на Арбан Таравари, претседател на партијата од која доаѓа Меџити.

Непотистички стебла го урнисуваат и онака кревкото здравство, а Владата на СДС и ДУИ е одговорна за егзодусот на медицинскиот персонал, како и воопшто за лошата состојба во здравството. Во меѓувреме, додека се долги и комплексни процедурите за медицинскиот кадар кој работи повеќе години со договор на дело, Меџити вработува и унапредува административен кадар во ова Министерство, со однапред наместени огласи и процедури кои се нетранспарентни и не соодветствуваат на потребите на секторот како здравството.

Главно за сите овие предизборни вработувања, унапредувања и наградувања во Министерството за здравство и пошироко во здравството, е дека помалку важниот коалициски партнер СДС, се задоволува со сооднос од 50% за вработувања на Македонци и 50% на административен кадар од ДУИ и Алијанса за Албанците. Ваквите неадекватни политики, негрижата за кадарот и неговиот квалитет граѓаните ќе ги прегазат на изборите што следат, а здравствениот систем итно ќе биде рестартиран. Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме – се нагласува во партиското соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.