Собранието денеска треба да го одржи продолжението на 16-тата седница на чиј дневен ред има уште три неразгледани точки.

Пратениците денеска треба да ги разгледаат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, двата по скратена постапка.

На дневниот ред е и Конечниот извештај за извршена ревизија на успешност на тема „Ефективност на мерките за спречување на одливот на високообразовни и стручни кадри“.

Во рамките на истата седница вчеравечер Собранието донесе девет законски решенија, по скратена постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.