Дејвид, Злате и Анета од селото Иљово во делчевско се ученици во трето, петто и седмо одделение кое не можат да стигнат на училиште и да посетуваат настава како и сите останати деца во нашата земја.
Причината поради која тие се заробени дома не е нивна вина, туку вина на општината Делчево.
На социјалните мрежи се појавија неколку видеа кое се доказ дека тие не одат на училиште поради немањето превоз, но и соодветен пат.
Тие се приморани да одат пеш и по пет километри во денот во еден правец за да стигнат трите дечиња во основното училиште.
Кире Михаилов од ВМРО-ДПМНЕ преку видео пред еден месец објави кадри од домот на дечињата кои иако било работен ден тие биле дома, наместо во училиште.
Потоа, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево објави дека уште една институционална битка била добиена со нивна помош и дека патната инфраструктура била подобрена од страна на градоначалникот и општината.
Сепак, пет дена откако тоа го направија, Кире Михаилов повторно објави дека денес трите дечиња одат повторно пеш до училиштето. Тие поминуваат низ шума и пат со кал, а проблемот иако сите мислеа дека е решен, сепак тоа било само голема лага објавена од страна на локалната власт.
Инаку родителите на трите деца велат дека патот до правдата ќе го бараат преку сите институции и ќе ги искористат сите правни механизми во нивна корист за нивните три деца да можат да посетуваат настава како сите останати основци, а тоа право им е загарантирано со Закон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.