Претседателот на Синдикатот во контрола на летање, Александар Тасевски денеска бил приведен во полициска станица по пријава од менаџментот на М-НАВ дека им упатувал закани преку „Фејсбук“. Директорот на М-НАВ Фахрудин Хамиди и уште еден од тројцата директори, Хасим Деари, го пријавиле дека чувствуваат загрозеност на безбедноста од него.
Според информации на „Сител“, се работи за статус во кој симболично се асоцирало на одговорност за која подолго време синдикатот јавно го обвинува менаџментот за злоупотреби при вработувања и спроведување на постапките во претпријатието.
Тасевски ја потврди информацијата и најави дека деталите во јавност ќе ги соопшти утре на прес-конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.