Министерството за одбрана информира дека пристигна воен конвој со нови возила на Армијата – лесни оклопни возила JLTV Oshkosh, кои се од американско производство.

Лесните оклопни возила JLTV се дел од процесот за модернизација и опремување на Армијата согласно НАТО стандардите и ќе бидат поддршка на Лесната пешадиска баталјонска група во Штип, која воедно е нашата НАТО единица, соопшти денеска МО.

Проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“ е започнат во 2019 година со склучување договори помеѓу владите на Република Македонија и САД. Досега се пристигнати 32 возила од овој тип.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.