Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со новоименуваната амбасадорка на САД, Анџела Прајс Агелер, по повод предавањето на копиите од акредитивните писма.
На средбата, министерот Османи изрази уверување дека со нејзиното искуство амбасадорката Агелер ќе придонесе кон понатамшно продлабочување на билатералните односи и зајакнување на соработката.
Во билатерален контекст, соговорниците го поздравија развојот на севкупните односи, засновани на традиционално пријателство и споделени демократски вредности.
Османи ги нагласи првичните резултати кои произлегуваат од Стратешкиот дијалог со САД, како ново поглавје во односите и надградба на стратешкото партнерство, како и посветеноста за дефинирање на идните активности кои имаат за цел понаташно поттикнување на рефомските процеси и демократски развој на државата.
Дополнително, Османи се заблагодари за континуираната американска помош за нашиот евроинтегративен процес, како значаен влог во зачувување на стабилноста и целокупниот регионален напредок.
Воедно, стана збор за силното сојузништво меѓу двете земји во рамки на НАТО Алијансата, со посебен акцент на руската воена агресија во Украина, како и за идното претседавање на Македонија со ОБСЕ во 2023 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.