Бугарската Влада го задолжи министерот за култура Најден Тодоров што поскоро да ја истражи можноста и ја започна постапката за купување на родната куќа на Димитар Талев во Прилеп. Околу ова се обединија министрите од кабинетот на премиерот Димитар Главчев на вчерашната седница.
„Донесена е одлука за стекнување на имотот од страна на бугарската држава уште во јуни 2023 година, но досега не се преземени конкретни дејствија. Ова е и причината што темата и формално влезе во агендата на извршната власт. Конкретна причина за одлуката на Министерскиот совет е информацијата за уривање на дел од куќата, која со години се урива и нејзината состојба е исклучително лоша.
Проблемот е што во моментот само сопственичката на 2/3 од имотот се изјаснила дека сака да го продаде нејзиниот дел, а во 2023 година цената што таа ја побарала е 100.000 евра. Но, другата 1/3 е на друг сопственик, кој категорично одбива да го продаде својот дел на бугарската држава.“, стои во објава на Владата на Бугарија.
Наследниците на писателот одамна не живеат во таа куќа и се чуствуваат избркани од Прилеп и Македонија.
Кој е Димитар Талев
Димитар Талев е роден во Прилеп во 1898 година. Син е на Тале Палисламов. Основно образование завршил во Прилеп и Битола. Студирал во Виена, Загреб и Софија. Тој е толстоевски тип на поет, патриот-филозоф, типичен романтичен прилепчанец, народен филозоф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.