Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска по повод 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, положи цвеќе пред Споменикот на жртвите од земјотресот, на Градските гробишта Бутел во Скопје.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, почит кон загинатите во земјотресот оддадоа и делегации од Собранието и Владата на Република Македонија и од Градот Скопје, амбасадори и делегации од дипломатско-конзуларните претставништва во земјава. цр/бак/
Фото и видео: Претседател на Република Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.