Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер на покана на Еврејската заедница на Република Македонија присуствувал на одбележувањето на еврејскиот празник Ханука.

Во рамки на одбележувањето на празникот, како што соопштија од кабинетоте на претседателот, Пендаровски присуствувал на службата во синагогата „Бет Јаков“ која ја држел хазанот од Нови Сад Владислав Траер и ја запалил осмата свеќа на Ханукијата, како централен чин во одбележувањето на празникот.

-Претседателот Пендаровски на претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви и претставниците на заедницата, им го честита празникот на светлината, посакувајќи им мир, радост и здравје, стои во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.