Претседателката Гордана Сиљановска Давкова прими делегација предводена од Васил Стерјовски, претседател на Македонската алијанса за европска интеграција од Република Албанија.

 

На средбата претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за севкупните активности на партијата, насочени кон афирмација и унапредување на положбата на македонското национално малцинство во Република Албанија.

 

На средбата беа разменети мислења и за последниот спроведен попис во Албанија и ставот на претставниците на Македонците, кои не ги признаваат објавените резултати.

 

Претседателката Сиљановска Давкова изрази поддршка на напорите на претставниците на македонското национално малцинство за унапредување на нивните права и повика на заедништво и обединет настап во работата за подобрување на нивната положба. Претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи важноста пописот, секогаш, без исклучок да ја отсликува реалноста во секое општество.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.