Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).

На средбата членовите на Комисијата ја запознаа претседателката Сиљановска Давкова со тековните активности, обемот на поднесените претставки, донесените одлуки и бројот на досега утврдените случаи на дискриминација. Во таа насока ја потенцираа нивната заложба за транспарентност, достапност и проактивност во елиминирање на сите видови дискриминација и промоција на човековите права.

Нагласувајќи ја исклучително важната улога на КСЗД, како самостоен и независен орган, претседателката Сиљановска Давкова ја изрази нејзината безусловна поддршка на активностите за спречување и заштита од дискриминација на граѓаните, како основен предуслов за градење демократско општество.

 

На средбата присуствуваа претседателот на Комисијата Игор Јадровски, заменик претседателот Лимко Бејзароски и членовите Флора Кадриу, Драгана Дрндаревска и Душан Томшиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.