Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Зорица Костовска, филмски продуцент, режисер, сценарист, новинар, теолог и основач на Меѓународниот филмски фестивал „Богородичен Покров“.
На средбата на која присуствуваа и македонскиот режисер Стојан Вујичиќ и српскиот продуцент од Будимпешта Милан Кичевац, Сиљановска Давкова беше запознаена со нивните заложби за промовирање на културните и духовните вредности, како и за нивната идеја за изработка на филм посветен на Свети Наум, како заеднички проект на Македонија, Србија и Унгарија, соопшти кабинетот на претседателката.
Сиљановска Давкова изрази поддршка за нивниот ентузијазам за збогатување на културниот пејзаж, преку промовирање на култот кон Свети Наум, заедничкото наследство и хуманоста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.