Претседателката на Собранието на Албанија, Елиса Спиропали денеска ќе ја посети Македонија, каде ќе се сретне со дел од водечките политички фигури во земјава. Прес-службата на албанскиот Парламент соопшти дека Спиропали ќе оствари повеќе средби.
Предвидено е Спиропали да се сретне со нејзиниот македонски колега Африм Гаши и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Предвидени се средби и со поранешниот претседател на Собранието и член на ДУИ, Талат Џафери, како и со лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче.
По средбата е предвидено соопштение за медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.