Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел да ѝ го честитам изборот за заменик-генерална секретарка на НАТО.
На предлог на госпоѓата Шекеринска, средбата ќе се одржи во петок, во 10 часот.
Сметам дека е најдобро лично да ѝ изразам честитки за престижната функција, која е од големо значење, не само за неа, туку и за државата, објави Претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.