Поважните предмети како Преспанскиот договор и Закон за јазиците ќе бидат ставени на седница во септември, најдоцна октомври, изјави претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.
На денешниот брифинг со новинари, таа посочи дека одложувањето на решавањето по овие предмети е поради недоволниот број на судии во Уставниот суд.
Пратениците и понатаму не избираат уставни судии. Од 2 јуни е веќе трета година како судот не е комплетиран, рече таа.
Како што дополни, има пет иницијативи за Преспански договор и 13 за Закон за јазици.
Кацарска информираше дека на есен ќе биде донесен Акт за Уставен суд во кој ќе има измени во поглед на постапка, начин на работа и финансиска самостојност на Судот.
Таа, исто така, рече дека во октомври ќе се формира Балкански форум на Уставни судови во кој досега учествуваат Грција, Романија, Албанија и Косово и, како што рече, има најава од Црна Гора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.