Сакам да зборуваме гласно за надежта, рече во својот говор пред Владата претседателот Христијан Мицкоски пред насобраните граѓани, дојдени да ја поддржат претседатеската кандидатка Гордана Силјановска Давкова.
Таа е најважна, и таа произлегува од борбата со проблемите и секојдневието која сите ние ја имаме. Јас имам надеж, јас верувам во вас, во вашата сила, во нашата заедничка сила да направиме подобро, да направиме нешто, да оставиме трага со која сите ние ова генерација ќе се гордееме. Да покажеме дека имаме вредности, дека сме достојни за држава, и дека сите ние заедно сме подготвени да ја градиме од ново нашата држава, врз руините на институциите кои ги срушија, да ја издигнеме новата република гордо и достоинствено. И можеби работите ви изгледаат невозможни, како далечен сон, или мрачни денеска, но држејќи се за надежта и вербата вон нас самите, утрешнината ќе биде светла, доаѓа ново утро, нова енергија. Токму за тоа се овие избори, тоа е изборот со кои сте сите соочени сега, не верувајте ни секунда дека се е завршено, дека изборите се завршени, ни минута дека се завршува на 8 мај.
Нашата работа допрва почнува и мора да работиме од денеска натаму уште повеќе, затоа што иднината зависи од нас. Нема да се лажеме дека ќе биде лесно. Нема да биде лесно. Но се додека е во нас енергијата на промените и надежта, се додека се држиме до планот за развој и се бориме искрено, чесно, одговорно, посветено – успехот е неизбежен.
Ширете ја пораката на промените, им порача Мицкоски на граѓаните.
Тоа не се промени за освети, не се промени за поделби. Тоа се промени во кои надежта го победува стравот. Заедништвото ги победува поделбите. Промени во кои ВМРО ќе го оправда своето име, како идеја која е столб на македонската држава. Ви ветувам дека со напредокот и промените ќе се победи апатијата, и статус квото, и ќе излеземе како граѓани посилни и обединети, како едно, и ќе испишеме заедно една нова историја на успеси и победи, со која сите ќе се гордееме. За тоа се бориме, тоа се нашите промени кои се потребни и во кои можете да верувате, рече тој и повика граѓаните да го пренесат гласот на разумот, на надежта и промените, гласот кој ќе одекнува во историјата како сила која ја променила реалноста и им се спротиставила на сите лоши сценарија, која и покрај верувањето на многумина дека од ова држава ништо не бидува, со гордо крената глава велат: Имаме држава, таа е наша и се гордееме со неа!
Убедувајте ги вашите пријатели и блиски дека ако застанете до мене на овие избори, победата ќе биде историска, победата ќе биде заедничка, и заедно ќе ја промениме реалноста овдека и ќе успееме.
Ако се уште има некој кој не верува ддека е возможно, дека соништата не може да се остварат, дека нема да ја биде држаавата, и ако има дилеми за иднината, сакам од тука да му порачам, има надеж, верувај во себе, силата е во секој од вас, во секој од нас. Можеме И ќе успееме.
Лошите политичари ги одбираат и луѓето кои не излегуваат на гласање. Негласањето на овие избори значи само награда за Али и 5те души од ДУИ кои управуваат со Македонија, но и награда и одобрување за се она што Ковачевски и СДСМ и го прават на Македонија. Работата е едноставна или ќе се отседи дома и ќе се награди ова владеење или со пенкалото ќе се победи овој систем во распаѓање и ќе се одбере патот на промените. И најголемата и единствена сила за промени е ВМРО-ДПМНЕ. Се друго или завршува со партии кои се инсталации на власта или пак луѓе кои се без сила за промени. Затоа не го трошете вашиот глас, гласајте за промени, гласајте за Гордана Силјановска Давкова, глсасајте за победничка Македонија рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.