Вториот дел од законот каде што имаме криминал во најава од 5 милиони евра, забрзано и сигурно оваа здружена владејачка структура успева да уништи и да искраде се од Електрани на Македонија. Токму затоа сакам да ве потсетам колеги од мнозинството дека Електрани на Македонија од независното на државата до 2017та година, додека вие не ја преземавте Република Македонија и не почнавте да управувате беше најголемото државно претпријатие, гигант кое што секоја година и секој месец остваруваше добивки, вели пратеникот од ГРОМ коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов на денешната собраниска седница.

Пренџов потенцираше дека пред доаѓање на СДСМ на власт, до 2017та година Електрани на Македонија на сметката имало останато 25 милиони евра на салдото со подмирени обврски, но дека денес овој довчерашен гигант е во долгови од 18 милиони евра и покрај тоа што државата исплатила 170 милиони евра.

– Ова претпријатие го земавте со повеќе од 25 милиони евра суфицит пари, тоа значи дека сите обврски биле подмирени и оставени биле 25 милиони евра на салдото. Денес ова претпријатие се соочува со повеќе од 18 милиони евра дефицит, односно 18 милиони евра долг иако државата исплати повеќе од 170 милиони евра пари од буџетот, нашите граѓанските пари, со цел истото да функционира, истакна тој.

– И на ова недомаќинско работење му нема крај. Денес наместо директорот и владата да соопштат во собранието и до јавноста дека имаме инвестиција од 25 милиони евра за фотоволтаици државна сопственост, вие доаѓате овде и барате кредит за тоа да се направи. 25 милиони евра барате кредит кои што ги имавте како суфицит кога дојдовте на власт. И најголем пораз за Електрани на Македонија е токму оваа бројка која што ја земаме за кредит, додаде Пренџов.

Пренџов нагласи дека владата на СДСМ за само 100 дена има објавено тендери од 200 милиони евра и тоа за фирми блиски до Заеви во четири очи, укажувајќи дека тоа е недозволиво.

– Само во овие 100 дена на оваа влада имате склучено договори во четири очи без објавување на тендер во вредност од 200 милиони евра. Тоа се 2 милиони на ден на фирми блиски до Заеви, изјави Пренџов.

Пренџов истакна дека не може владата да земе кредит од 25 милиони евра а да плаќа за консултантски услуги за фотоволтаици за 750.000 евра, прашувајќи ги од владата дали имаат срам и до кога ќе го крадат народот/

– Не може цената кога ќе вложиш 25 милиони евра да биде 125 денари, туку треба да биде 75 денари. Имате ли усул и грижа на совет до кога ќе го ограбувате овој народ. Нели ви е срам. На 25 милиони евра креди, 750.000 евра консултантски услуги, па каде и да отидете имате фотоволтаици, на тие луѓе кои им дава консултантски услуги, праша Пренџов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.