Пратеникот Љупчо Пренџов преку статус на Фејсбук пишува дека целата држава ни е во штрајк и дека владата нема граѓански легитимитет.
Вработените во градинките и училиштата ШТРАЈКУВААТ.
Вработените во судската администрација и Судии ШТРАЈКУВААТ.
Вработените во јавната администрација ШТРАЈКУВААТ.
Полициските синдикати исто така подолг период ШТРАЈКУВААТ.
Земјоделците, сточарите и производителите на храна не се задоволни од владата, министерот и владините политики во земјоделието.Цела држава ни е во ШТРАЈК, цените растат, живеачката опаѓа….
‼️Ова е резултатот од владеењето на Влада која има собраниски легалитет а НЕМА ГРАЃАНСКИ ЛЕГИТИМИТЕТ.
На Македонија и македонското општество му се потребни избори час поскоро од две причини:
1. За неспособниве да си одат и штетите да бидат помали кон државата, стандардот на граѓаните и економијата,
2. Мнозинството од граѓаните да имаат доверба во институциите. Оние кои управуваат со државата да ги чувствуваат како свои, а не како наметнати решенија, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.