„Огромно мнозинство од граѓаните, пратениците во Собранието и сите добронамерни организации кои и мислат добро на Македонија очекуваа од сите вас во советот денес да си поднесете оставки. Требаше да си поднесете оставки бидејќи крајно време е во Република Македонија да создадеме еден нормален правен систем во кој на челото на правда и правичност ќе бидат пресудни во правниот промет кој го имаат граѓаните со институциите“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов на денешната собраниска Комисија за политички систем на која дебатираа за Годишниот извештај на Советот за јавни обвинители за 2023 година.

„Ние во Македонија правна држава немаме. Правната држава почива на два столба првата е јавното обвинителство а вториот е судството. Ниту едното функционира, ниту другото функционира. Срамно е никој да не поднесе оставка од функција за која граѓаните кои сите не плаќаат имате 2% рејтинг“, вели Пренџов.

Пренџов укажа дека во Македонија нема правна држава, право и обвинителски систем.

„Темата право правда и реформи во правосуден систем беше ставен пред изборот на граѓаните, на секоја анкета немањето право и правда е клучен проблем, ама решение на него не е со вие да продолжите со како до сега да бидете судски совет во оваа држава со 2% рејтинг. На Македонија и требаат промени, а не козметика со зборување еден час и при тоа не кажување ништо“, дециден е Пренџов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.