Јас се уште не сум го видел законот, утрово можеби е стигнато во Собранието. Затоа не можам да коментирам што пишува во законот. Јас едноставно од овие луѓе што и да ви пратат и да ви кажат или пак да ви најават што има во законот не им верувам ништо. Бидејќи искуството покажува дека најголем дел она што го кажуваат од власта е само една фасада, една завеса, а во позадина се случуваат други работи – истакна пратеникот Љупчо Пренџов во утринската емисија на Алфа телевизија говорејќи за законот за амнестија.
Пренџов укажа дека власта тоа што вели дека во затворите нема место, е лага. Власта дрско лаже.
Владата дрско лаже. Зошто? Затоа што ако се сеќавате во 2017-та година само што дојдоа на власт, во очи на локалните избори тие вака под превезот на вакви слични закончиња во Собранието ги пуштија и кажаа тогаш дека исто вака нема место, нема услови. Но, во суштина тоа значеше да повеќе од 1.000 луѓе се пуштат на улица. И секој од оние луѓе што биле во затвор, да има договор да работи за СДС или ДУИ за тие локални избори – потсети пратеникот Пренџов.
Тој додаде дека ако сега се прашаат тие луѓе тие ќе одговорат да работеле за СДС и ДУИ во текот на локалните избори во 2017-та година бидејќи ги ослободиле од затвор.
Доколку од власта сакаа за овие седум години да направат реновирање на затворите, тоа можеа да го направат. И да биде иронијата уште поголема тие веќе имаат одобрено кредит ама за вистинско реновирање и проширување на затворските капацитети во Република Македонија и кој што е од десетици милиони евра. И еве веќе повеќе од година дена немаат повлечено ниту една транша. Значи пари за реновирање и проширување на капацитетите има, кредит има, а власта не ги реновира и не ги проширува – рече тој.
Пратеникот посочи дека власта не ги проширува капацитетите по затворите и не ги реновира бидејќи и одговара да средствата за реновирање стојат и не се употребуваат со цел да ослободат криминалци кои ќе им работат за изборите.
Тоа е веќе многу провидно, бидејќи се случува втор пат за 5-6 години. И е многу провидно, граѓаните веќе ја забележаа намерата на власт – рече Пренџов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.