Разликата на следните парламентарни избори е дали ќе ги победиме СДС и ДУИ ако одат на заедничка листа или ќе ги победима ако одат посебно СДС, посебно ДУИ. На СДС и ДУИ поразот им е загарантиран, рече Љупчо Пренџов, пратеник од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната дебата на телевизија 24.

Пренџов објасни дека ароганцијата на власта доаѓа од стравот кој го имаат затоа што знаат дека со Христијан Мицкоски нема преговарање за тоа што они сакаат за криминалите.

За сторениот криминал сите ќе одговараат. Власта на СДС и ДУИ има лица на црната листа на САД. На пример во Струга има градоначалник на црната листа на САД. Тоа е европското и тоа е тој европски фронт како што велат за себе“, кажа Пренџов.

Пренџов се осврна и на техничката влада која се формира согласно Законот за влада.

„Министрите во техничката влада од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат таму за да спречат несакани случувања, криминали и слично. На пример министерот за труд и социјална политика ќе биде во техничката влада за да не се повтори поткуп, да не се повтори 2020 година кога се носеа пакети помош во раните утрински часови, министерот за МВР ќе се потруди да не се повторат случувањата од претходните претседателски избори кога полицијата обезбедуваше членови на СДС да прават поткуп и слично“, рече Пренџов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.