E поради ова вечерва сме тука! И Да! Премногу е народе на Македонија! Премногу е од судбини во грч, од бескрајно чекање и од огромна сиромаштија! Премногу е да гледаме како нашата Македонија се разградува камен по камен, натопена со страдања, со трепет и со бесконечно чекање. Премногу е! – вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го започна својот говор пред насобраната толпа на вечерашниот протест кој се одржува под мотото „Протест за промени, затоа што премногу е“.


Тој застанат меѓу народот насобран пред Владата во Скопје посочи:

И ова што вечерва го сведочам се вашите судбини, голиот живот, маката на народот… Впрочем токму поради тоа сакав на почетокот од овој величествен собир да ви се обратам од асфалтот, од пред зградата на Владата – како еден од илјадниците граѓани, како прв меѓу еднаквите кој ја доби грамадната одговорност да го предводи народот со бајракот на слободата кон промени и подобра иднина за нашата Македонија!
А кој друг ако не ние! И тука сум за сиве овие лица кои уште еднаш нè уверија дека е премногу. Меѓутоа, тука сум и за секој еден од вас, во ваше име и за нашите заеднички судбини. Рамо до рамо, едни до други и силно сплотени во никогаш поголем број од претходно. Посилни од кога било! Мотивирани! Подготвени. За Иднинаа! За Промении! За Македонија!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.