Денеска 20.08.2024 година (вторник) во 17:00 часот, Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со Министерот за правда Игор Филков ќе остварат средба со Весна Дамева, Претседателка на Судски совет, во просториите на Владата, соопшти владината прес служба.
Средбата доаѓа по бројните забелешки за работата на Судскиот совет, ниската доверба и отворениот повик на Владата и премиерот Мицкоски за предлози за реформи во Судскиот совет, стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.