Младите брачни двојки ќе добијат можност да добијат нов дом по поволни услови. Ова денеска го најави вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.
-Од следната година, односно за помалце од два месеци од сега, ќе почнеме да го развиваме проектот „Купи куќа за млади“ кој треба да овозможи многу млади брачни двојки да се стекнат со свој дом по исклучително поволни услови, истакна Николоски.
Информира дека по Нова година ќе се знаат општините во кои ќе почне да се реализира проектот.
„За тоа веќе ги спремаме плановите и после Нова година ќе излеземе со конкретни предлози во кои општини тоа ќе може да се резлизира и на кој начин ќе можат младите брачни двојки да добијат поддршка и да се стекнат со свој дом“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.