Надлежноста во врска со преговарачката рамка и нејзино разгледување, одобрување или неодобрување е единствена надлежност на Владата на Република Македонија. Меѓутоа како што сме сведоци секогаш имаме мешање на извршната и на законодавната власт, а секако и во судската власт. Ова е пример и денес, бидејќи оваа информација која што е доставена на само една страна од која што се посочуваат аспектите во однос на преговарачката рамка и предлогот кој што е доставен не можеме суштински да разговараме бидејќи истата повикува на други документи кои што се врска со истата, а не можеме да ги добиеме и да ги разгледаме. Уште еднаш потенцирам Владата навлегува во надлежностите на Собранието бидејќи истата преговара во однос на надлежноста во Собранието за донесување и изменување на Уставот, а самата не си ја презема основната надлежност односно не си ја презема одговорноста во однос на оваа информација која што впрочем можеме да разговараме дека е доставена согласно членот 185 од Деловникот на Република Македонија токму како информација бидејќи самата информација, самиот збор упатува на информирање. И по тоа не може да се донесат одредени ставови кои што ќе можат да влијаат на самата преговарачка рамка“, истакна Дајанчо Ефтимов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Ефтимов додаде дека самиот член од Деловникот 185 предвидува да на крајот од седницата се донесуваат заклучоци кои што се предложени од пратеничките групи и од пратениците, но истите не можат да имаат облигаторен елемент во однос на промена на самата преговарачка рамка.

„Потенцирам дека Владата со ова сака да ја отгрне одговорноста односно ова мене повеќе ми личи на еден симболично кажано судски процес каде што одлучува судски совет односно осуденички совет кој што кога ќе пристапи кон одлучување судијата кој што го води судечкиот совет сам ќе одлучи де факто. Само формално правно нема да биде помината одлуката, а на другите членови ќе им предложи во врска со што и како се однесуваат овие кривични дела. Затоа уште еднаш потенцирам дека Владата е единствено одговорна односно единствено е нејзина надлежност е да постапува по оваа информација односно по оваа преговарачка рамка истата да ја прифати или да ја одбие“, рече пратеникот.

Тој посочи дека ЕК секоја година напоменува во кои делови државата заостанува и во кои делови има застој. Конкретно во последниот Извештај имаше само во три поглавја напредок, во пет има уназадување, а во 25 има ограничен напредок во кои што спаѓаат и поглавјата 23 и 24 односно владеење на правото и фундаменталните права и човековите права.

„Како можеме да зборуваме за напредок кога имаме ограничени напредоци во поглавјата 23 и 24. А, овие поглавја се отвораат први, а се затвораат последни. И тоа баш заради тоа што се едни од најсуштествените поглавја за кои што се преговара“, нагласи Ефтимов.

Пратеникот укажа дека самата Влада не ги реализира веќе усогласените закони кои што се со позитивни законски прописи на ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.