Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко пред пет месеци се најде на црната листа на САД поради корупција, но предметите за него започнати во судот, практично, застаруваат поради измените на Кривичниот законик.

Специјално формираната комисија на Јавното обвинителство по извршениот вонреден надзор над работата на обвинителството во Струга во Битола и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во јули објави дека бил извршен увид во 30-тина заведени предмети во кои е поврзан струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, но изгледа дека по четири изминати месеци никој нема да биде одговорен за неспроведувањето.

„За сите обвинители за кои ќе се утврди дека постапувале неажурно, нестручно и потпаднале под влијание ќе се поведе постапка за одговорност, а јавноста ќе биде соодветно информирана“, рекоа тогаш од Обвинителството.
Веднаш по прогласувањето на Мерко за персона нон-грата од страна на Американскиот Стејт департмент, претставници на Судски совет беа во посета на Основниот суд во Струга за да проверат дали и какви пропусти се случувале. Претседателот на Судскиот совет, Сашко Геoргиевски, сега за Алсат М открива дека не било најдено ништо спорно.

„Од овие извештаи немаше некои посебни забелешки во однос на влијанија и незански постапки од страна на судиите“,
„Видете, тоа се судии и ако самите судии не си пријават влијание, тоа е проблем за личноста како судија“, рекол Георгиевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.