Министерот за транспорт, Александар Николоски, на комисијата за транспорт предложи измени на законот за урбанизам со цел да се надмине проблемот со катните гаражи во општините.

Конкретно, катните гаражи да можат да се градат без или со олеснет Детален урбанитички план.

Со ова не се согласува невладиниот сектор. Тие сметаат дека не треба да се избрзува со вака едно сериозно решение.

Вакви измени не може да се донесат преку ноќ. Не треба да се брза, бидејќи тоа ќе предизвика поголем хаос, вели Невена Георгиевска од „02 иницијатива“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.