Собранието денеска го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се основа анкетна комисија за утврдување на политичка одговорност за политичките и здравствените функционери по обелоденетиот скандал со работата на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.

Предлогот беше поднесен од 20 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, а утврдената комисија најдоцна по еден месец од завршувањето на својата работа ќе треба да му поднесе конечен извештај на Собранието.

На сите вмешани им порачуваме дека одговорност ќе има за секого за само неколку месеци, подобро да соработуваат и да дозволат структурите во власта да ги изгорат и остават на цедило, порача вчера пратеникот Миле Лефков најавувајќи ја акцијата.

Партија бара граѓаните кои имаат било каква информација поврзана со овој криминал директно да се обратат до нив или да проговорат јавно во медиумите, бидејќи тоа ќе помогне да се разоткрие целата мафијашка спрега помеѓу власта и здравството.

Комисијата ќе утврдува дали биле загрозени основните човекови права на пациентите, а з атоа ќе ја информира и Владата, Државната комисија за спречување на корупција и Основното јавно обвинителство.

Во телото ќе членуваат шест пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, пет на СДСМ, два на ДУИ и еден на Алијанса за Албанците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.