Роковите за плаќање на пенали од договорот со „Бектел и Енка“ или за дополнителни трошоци како што милува власта да го нарекува почнаа да течат. Споре преземените обврски граѓаните од буџетот треба да платат 50 милиони евра за како аванс, 117 милиони евра за подготовка на градилиштето,месечно по 2,9 милиони евра за менаџирање на проектот.

До шести мај мораме да платиме 53 милиони евра бидејќи не овозможивме работната недела да трае 60 часа. Вкупно на нефрена лопата коридорите веќе не чинат 300 милиони евра.

Премиерот Ковачевски вчера изјави дека тим од владата е подготвен на собраниска комисија пред пратеници што имаат безбедносен сертификат да го презентираат договорот со американско-турскиот конзорциум.

И сето тоа е во ред ако претодно група пратеници од власта меѓу кои Арбана Пашоли,Арбен Зибери,Арта Биљали, Бајрам Кадрија, Бедри Фазли, Берат Ајдари, Влојца Адеми,Љатифе Шиковска, Марија Георгиевска, Мерита Колчи,Ненад Коциќ, Рина Ајдари и Феснике Бектеши не предложија измени на закони кои треба да овозможат негова реализација токму на овој договор.

Треба да се менува Законот за земјоделско земјиште, за експропријација,  урбанистичко планирање, минерални суровини, работни односи, законите за шумите и за градење.

Како е можно овие пратеници да предлагаат измени на закони ако претходно не го виделе договорот?. Или се јасновидци или власта лаже дека никој го нема видено договорот бидејќи тој има степен на доверливост?

Некој пак лаже.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.