Шега на страна, Мартин Костовски под итно да биде изземен од работата на Собранието, да се изземе од гласање, заради документиран невропсихијатриски медицински наод, апелира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, цитирајќи го наодот на пратеникот од СДСМ: „Психичко растројство дефинирано како пролонгирано анксиозно-депресивно растројство за кое е препишана терапија“.

Тој потенцира дека пратеник гласа согласно свои лични разумни проценки, а кај Мартин Костовски констатирано е пролонгирано растројство за што тој е под препишана терапија.

Според невропсихијатрискиот извештај за Костовски, тој се уште е под терапија којашто редовно ја зема, значи има препишана секојдневна терапија, се уште има пролонгирано реактивно анксиозно депресивно растројство, и има нарушено однесување и функционирање, и тоа се уште перзистира. 
Во прилог на демократијата, Собранието заради својот дигнитет, но и заради грижата за пратениците, мора да ги земе предвид наводите во вештачење за невропсихијатриската состојба на пратеникот Мартин Костовски, па да побара невропсихијатриско лекарско конзилијарно мислење дали Пратеникот е во состојба рационално да расудува и носи одлуки, вели Стоилковски.

Додава дека пред Собранието се важни седници, како Закон за огромно задолжување со злоупотреба на европско знаме; тука е и Буџетот, тука е и период за гласање за распуштање на парламентот и распишување избори.

Собранието мора да биде уверено дека пратениците имаат полна и непречена можност за расудување врз што не влијаат состојби, растројства или медикаменти со дејства коишто може да влијаат врз расудувањето.
Ако е возможно, согласно невропсихијатрискиот наод, Мартин Костовски веднаш треба да е испратен на продолжено боледување, а доколку дома нема кој да се грижи за него, МНР и Бујар Османи да покажат човечност и овозможат неговата сопруга да води грижа за него.
Доколку е потребно, да и се исплаќа и грижа за лице, заради констатирана нестабилност во нозете на пациентот Костовски Мартин. 
Оттука би побарал доколку е можно да се провери дали Костовски не бил во слична невропсихијатриска положба на растројство или под медикаменти кои одземаат можност за разумно расудување, кога со злоупотреба на положба и овластување во Службен Весник објави Закон без потпис?
Сето ова не очекувам да биде сфатено како зајадливост, сарказам или хумор туку како реална грижа за Мартин Костовски, неговата благосостојба, но и благосостојбата на Македонија преку носење на вистинско одлуки во Парламентот.
Не би сакал утре во некој нов извештај да стои можеби злоупотреба на лице со акутно растројство и под медикаменти од страна на СДС за носење на закони во Собранието.
Но од друга страна, не би сакал Мартин Костовски при акутно продолжено растројство, депресија и анксиозност, намерно да нанесува штета во можеби обид за автодеструкција?
Се на се, да бидеме луѓе, здравјето и здраворазумието пред се!, вели Стоилковски, споделувајќи фотографии од наодите на пратеникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.