Знаете ли што е Оливер Спасовски за вас? Претседател на државата за криминал! Ете тоа е!
Ова денеска од собраниската говорница го кажа пратеничката од СДСМ Марија Георгиевска, видно револтирана обраќајки ѝ се на опоцијата. Дали тоа беше лапсус или нејзино мислење, таа знае.
Во тензична собраниска расправа минува и денешната расправа за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за започнување на пристапните преговори на земјава со Европската Унија. Седницата продолжува утре во 11 часот, а останаа уште тројца пратеници кои се пријавен за расправа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.