Повеќе од три месеци државата е неспособна да се справи со дојавите за бомби, туку напротив проблемот се проширува и во други градови, вели пратеникот Бране Петрушевски.

Денес дојави за бомби пристигнаа и во повеќе училишта во општина Куманово. Сите ученици и наставници се безбедно евакуирани, апелирам граѓаните да бидат смирени.

Веднаш во Собранието, заедно со други колеги, побарав итна седница на Комисијата за одбрана и безбедност, на која ќе реферира Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Спасовски е најповикан да се справи со проблемот, а доколку е неспособен да си даде оставка и да се побара помош од нашите пријатели од странство.

Вака веќе не оди, вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.