Денеска ќе ја потпишам одлуката на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО ) за проширување на позитивната листа на лекови со девет нови лекови, изјави министерот за здравство Арбен Таравари, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски беше во посета на ЈЗУ УК Дигестивната хирургија во Скопје.
Позитивна листа последен пат била проширена во 2014 година, со само еден лек.
Ќе имаме нови антихипертензиви, нови антикоагуланси, нови антидепресиви. Јас денеска штом се вратам од тука, ќе ја потпишам, бидејќи во Управниот одбор на ФЗО вчера е поминато по наш предлог на Министерството за здравство. И ова е вест која што вреди да се прошири и каже, а ние ќе продолжиме вака, рече министерот и додаде дека за 6 месеци повторно ќе се разгледаат можностите за ново проширување на позитивната листа за да им се олесни на пациентите.
После 6 месеци планираме да ја прошириме плус листата со уште неколку лекови, меѓутоа ќе треба со директорот на Фондот да седнеме, да видиме што се можности уште неколку лекови да бидат на позитивна листа и да им олесниме на главните во нашиот ресор, а тоа се пациентите, а сите сме потенцијални пациенти, изјави Таравари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.