Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ реагира дека авион здравството во Македонија нема пилот, алудирајќи на тоа дека позитивната листа на лекови не е ревидирана седум години, а од министертвото има најава за само неколку нови лекови.

На први март 2024 година, наместо сериозно проширена и ревидирана Позитивна листа на лекови, дочекавме медуми да пренесат информација до јавноста дека стручната комисија на МЗ за позитивната листа на лекови што ги плаќа Фондот за здравство, информирала дека до Управниот одбор на Фондот за здравство доставила предлог за утврдување нови лекови на примарната листа на лекови, за дури девет генерички лекови и еден нутриенс.

Дали има соодветни зборови за да се опише овој срам и патетиката во комуникацијата и работењето на таа комисија на Министерството за здравство, самото Министерство за здравство и другите надлежни здравствени институции?

Позитивната листа на лекови не е ажурирана 9 години, па по известувањето од Комисијата за Позитивната листа, на здраворазумните поединци што ја сочинуваат честитата народна маса која што власта во континуитет со години ја потценува и омаловажува со постапките, треба да им се одговори и за следните прашања:

1. Зарем се дојде до точка на вриење и несоработка помеѓу институциите на сегашната власт, за да се споделуваат вакви информации преку медиумите, при недовршена постапка, без конечна одлука?
2. Дали на овој начин Комисијата на министерството за здравство се фали со сработеното (иако е прашање дали има со што да се пофали) или се врши притисок (веројатно договорен со фармацевтски компании) како предизборен рекламен материјал за „достигнувањата“ на власта?
3. По чии нарачки работеле Министерството за здравство и Комисијата за позитивната листа, кога и претходниот министер за здравство најави (пред Комисијата да достави предлог до Фондот) дека 10 лекови ќе влезат на Позитивната листа?
4. Зошто постапката не е транспарентна како што наложуваат европските норми?
5. Дали власта знае како функционират здравствените системи во европските земји, за лекови што ги плаќа народот преку буџетските пари?
6. Зошто Комисијата на МЗ предложила на Фондот нутриенс да влезе на позитивната листа кога се знае дека основни лекови нема на листата?
7. Кому му користат ваквите постапки?
На оваа земја и на нашиот народ им треба солидна здравствена грижа и лекови!
На овој народ му е доста од помпи и празни ветувања!
На народот му треба здрав и цврст систем со професионални и хумани поединци!, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.