Пожари беснаат низ државата, а власта не може да се организира да изгасне еден пожар, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Институциите не реагираат на време и големи површини со шума горат од неажурноста на власта. Како и за се до сега потребно беше јавноста и медиумите да реагираат, за институциите да почнат да работат. СДСМ се однесува неодговорно и не води грижа за земјата, велат од партијата.
Од таму апелираат до власта во периодот што иде да покаже поголемо ниво на организација и да реагира правовремено при справување со потенцијалните пожари или друг вид непогоди, кои се веројатни во овој период од годината. Секоја ненавремена реакција ги чини граѓаните пари и оштетен имот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.