Владата го повлече законот за промена на полот со нотарска изјава. Информацијата утрово на Комисијата за политички систем ја соопштија пратениците од мнозинството откако претходно и официјално побараа да биде тргнат од дневен ред

Но опозицијата се сомнева дека доработки на ова законски решение се причината за негово повлекување. Според нив, станува збор во несогласувања внатре во владејчката коалиција

Законот предвидуваше можност сите полнолетни лица да можат да ја променат ознаката за пол во изводот од матичната книга на родените а за тоа да им биде потребна само изјава дадена пред нотар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.