На Светскиот ден на дивиот свет, Делегацијата на Европската Унија ја промовираше за прв пат наградата за Најзелена општина. Повикот е отворен за сите општини во Македонија и им нуди можност да ги покажат активностите со кои придонеле за заштита на животната средина. Повикот има за цел да ги промовира добрите практики воспоставени во 2021 година на општинско ниво во однос на управувањето со отпадот. Наградата ќе и биде врачена на „најзелената“ општина на 5 јуни 2022 година, како Светски ден на животната средина.
Во продолжение на кампањата „ЕУ со ТЕБЕ“ за Европскиот зелен договор, започната во ноември 2021 година, Делегацијата на Европската Унија сега ги повикува општините во Македонија да учествуваат во отворениот повик за награда за Најзелена општина. Повикот е објавен за да се промовираат различни активности преземени од различни општини во текот на 2021 година кон подобро управување со отпадот во корист на благосостојбата на граѓаните и заштитата на животната средина. Општините ќе имаат шанса да ги покажат своите акции, мерки, кампањи кои направија опипливи промени на подобро и обезбедија резултати на долг рок. Тие може да се движат од едукација и подигање на јавната свест преку акции за чистење и инспекции до промени во однесувањето, соопштија од Делегацијата на ЕУ во земјава.
Повикот ќе остане отворен од 4 март до 4 април 2022 година и секој градоначалник ќе биде поканет да аплицира и поединечно и преку соодветните Центри за регионален плански развој и ЗЕЛС. Релевантните информации ќе бидат достапни на Фејсбук страницата на Делегацијата на Европската Унија.
Делегацијата на Европската Унија дополнително ќе избере пет општини кои најдобро ги претставиле своите апликации и ќе изврши посети на локацијата што ќе овозможи да се идентификува победничката општина. Наградата Најзелена општина ќе му ја врачи амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на Европската Унија на градоначалникот на „најзелената“ општина на 5 јуни 2022 година, како Светски ден на животната средина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.