Во Уставниот суд формиран е предмет У.бр.21/2022 откако подносителот Драган Пешевски, адвокат од Скопје испратил дополнување на иницијативата, по претходно укажување на Судот.

Со иницијативата, како што информираат од Уставниот суд, оспорени се следните Одлуката за усвојување на урбанистички план за село Маврово со детална разработка на дел од Урбан блок 5 и дел од урбан блок 7 објавен во службен гласник за Општина Маврово и Ростуше донесена на 26.02.2015 година.

Исто така оспорени се и Одлуката за усвојување на урбанистички план за село Леуново, Никофорово и Анови објавена во службен гласник за Општина Маврово и Ростуше на 19.07.2001 година, како и Одлуката за отстапување со стопанистување на водоводот од кој се снабдува хотел „Радика“ во Леуново донесена на 32 седница одржана на 25.10.2019 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.