УНЕСКО ги повикува земјите членки да поднесат предлози за одбележување јубилеи на историски настани и еминентни личности во периодот 2026-2027 година, кои имаат универзално значење и придонеле во промоција на мирот, разбирањето и зближувањето на односите меѓу луѓето.
За таа цел УНЕСКО би се вклучил во одбележувањето на јубилеите предложени од страна на државите членки, со што би им се дало поголемо светско значење и признание, објави Министерството за образование и наука.
Повеќе информации за критериумите за поднесувањето предлози за јубилеј на личност/настан се достапни на линкот: https://unesdoc.unesco.org/ark:/48223/pf0000391504_eng.
Во повикот објавен на веб-страницата на МОН е дпостапен форумулар кој пополнет треба да се достави во електронска форма до: [email protected] најдоцна до 2 декември 2024.
Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија по добиените предлози ќе изврши дефинитивна селекција на два предлога за јубилеи и ќе ги достави до УНЕСКО. Предност ќе им се даде на предлози кои промовираат родова рамноправност, се наведува во повикот што го објави МОН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.