Државниот обвинител Љупчо Коцевски, во интервју за „360 степени” не одговори директно дали во случајот во кој првосомничен е врховниот судија Наке Георгиев, а второосомничен е членот на Советот на јавните обвинители, Иџет Мемети, има снимка на која се слушаат гласовите на осомничените. Но, индиректно даде потврда, без да соопшти детали.
Сите докази за да имаат правна сила мора да се обезбедат на законит начин. На ова прашање дали има и кој доказ, ќе цени јавниот обвинител што е обработувач на предметот. Знаете, само во одредени случаи, кога, еве, имаше малолетно дете со дадилка, затоа што тоа не може да сведочи, тоа е немоќно лице, тогаш снимките може евентуално да бидат доказ. Меѓутоа, овде не можам да ви кажам во оваа фаза што ќе биде проценка на јавниот обвинител, рече обвинителот за „360 степени”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.