На една неодамнешна анкета судството доби доверба од само осум посто од граѓаните. Денешните случувања во судскиот систем се доказ зошто довербата е толку ниска.

Весна Дамева, поранешен стручен соработник во Кривичниот суд и поранешен член на правната комисија на СДСМ е избрана за претседател на Судскиот совет како единтвен кандидат.

Нејзиниот избор следува откако пред неколку денови оставка си поднесе и Павлина Црвенковска од позицијата претседател на Судски совет и се пожали на притисоците кои ги трпела.

Дамева е поранешен член на правната комисија на СДСМ. Новоизбраната претседателка на Судски совет, Весна Дамева, смета дека фотографијата на која се наоѓа со експретеседателот на СДСМ, Зоран Заев, не може да биде етикета дека таа е припадник на политичка партија. Таа посочи дека никогаш не била член на политичка партија.

„Ние сме симпатизери, сме поддржувачи. Не гледам ништо спорно“.

И за денот да биде целосен членот на Судскиот совет на Република Македонија Зоран Герасимоски поднесе неотповиклива оставка од функцијата в.д. директор на Академијата за судии и јавни обвинители.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.