Во сила е нов Тарифник за висината на надоместот за извршените геодетски работи од страна на трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи, со кој, како што изјавија денеска за МИА од Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) се врши изедначување на зголемените реални трошоци и цените кои друштвата ги наплаќаат за вршење на своите услуги.

Причините за зголемување на цените е поради зголемените реални трошоци (струја, гориво, лиценци за софтвери, одржување на опрема, зголемувањето на платите и сл.), кои се основа за пресметување на надоместокот, а се однесуваат за извршување на геодетски работи.

– “Сведоци сме на големото зголемување на цените на режиските трошоци (струја, гориво, лиценци за софтвери, одржување на опрема, плати и сл.) во изминативе неколку години. Цените пак, на услугите кои ги обезбедуваат геодетските друштва се непроменети изминативе 10 години (последниот Тарифник е донесен во 2014 година и цената на струја/ гориво и сл. е енормно зголемена од тогаш до денес). Примената на новиот Тарифник за геодетските друштва ќе значи изедначување на зголемените реални трошоци и цените кои друштвата ги наплаќаат за вршење на своите услуги (работа без загуби), а тоа ќе придонесе за испорачување на поквалитетна услуга кон крајните корисници“, изјавија од АКН за МИА.

Новините и промените во Тарифникот за висината на надоместот за извршените геодетски работи од страна на трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи главно се однесуваат на коригирање на цените.

– “Со овој Тарифник се утврдува надоместот за геодетско катастарски услуги кои го наплаќаат Трговците поединци овластени геодети и Трговските друштва за геодетски работи на Република Македонија за да се испорача квалитет на конкретна услуга и/или за да се изработи геодетски елаборат. Надоместоците дефинирани во Тарифникот обезбедуваат оптимални услови за извршување на геодетско катастарските работи, согласно Законот за катастар на недвижности. Зголемувањето на цените се јави како потреба заради зголемените реални трошоци (струја, гориво, лиценци за софтвери, одржување на опрема, зголемувањето на платите и сл.), кои се основа за пресметување на надоместокот, а се однесуваат за извршување на геодетски работи“, појаснуваат од АКН.

Во висината на надоместоците од правилникот не се пресметани трошоците за користење податоци од геодетско-катастарскиот информациски систем, како и данокот на додена вредност.

Трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи надоместот за извршените геодтески работи пропишан со овој тарифник можат да го намалат најмногу до 50 проценти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.