Заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска оствари посета на Граничниот премин Блаце, при што одблиску се запозна со работата и посветеноста на полициските службеници на еден од граничните премини каде движењето на луѓе и стока се одвива со доста голем интензитет.

Како што информира МВР, согласно изготвениот план од РЦ за ГР Север и врз основа на Договор за полициска соработка како и Протоколот меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Косово за изведување мешани патроли долж заедничката државна граница, заменик министерот имаше прилика да се сретне со една од тие патроли со кои разговараше за нивната секојдневна работа и предизвиците со кои се соочуваат. На истите им посака успешна работа како и продлабочување на соработката во иднина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.