Шеста година откако СДСМ ја предводи Владата, а во здравството нема ниту една инвестиција. Надлежните се вадат на пандемијата со сипаници, корона пандемијата, но тоа беа само моменти во кои најмногу требаше да се вложува во здравството, како во апарати, услови за лекување, така и во човечкиот капитал или се она што подразбира медицинско лице, вака коментираат вработените во здравството. Поттик за овие коментари меѓу вработените е што пред неколку дена или на 8 Септември, кога Македонија го слави денот на независноста, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за здравство, Беким Сали беа во Градската општа болница „8-ми Септември“ да го промовираат апаратот за зрачна терапија за онколошки пациенти.
Може на прва изгледа дека е добро да се инвестира, и да добро е, но ова е инвестиција реализирана во 2016 година. Оттука се отвораат само многу прашања, зошто апаратот не е пуштен во функција до сега кога се знае колкави се потребите на онколошките пациенти, како во медикаменти, а потребна е и апартура. Дополнително на сево ова надлежните велат дека не знаат кога ќе биде третиран првиот пациент, велат упатените во здарвствениот систем.
Дополнителен проблем е што во изминатите години не се работело и на подготовка на кадар кој ќе работи на овој апарат.
Нема доктори специјалисти, нема технолози кои се обучени за работа на овој апарат. Сега се ипратени две лица на обука во Нови Сад што е кратко период за подготовка, очигледно и затоа нема одговор кога пациентите ќе можат да ги добиваат услугите во ГОБ „8-ми Септември“, револтирано реагираат упатените.
Тие заклучуваат дека за седум години надлежните не успеале да пуштат во употреба набавен апарат, ниту пак да подготват кадар да работи на истиот, иако се знае низ какви маки минуваат онколошките пациенти, исто и медицинските лица кои секој ден се борат заедно со нив.
За ова презентирање на апарати купени од претходната влада реагира и лекарската фела.
За празникот во нашата болница дојдоa премиерот и министерот за здравство и си викам браво им текнало дека медицински персонал две години умре од работа, па ќе има награди, ќе го исплатат инфективниот додаток, ќе зголемат плата на средниот медициснки персонал, ќе им дадат на договорците решение, ќе реновираат и набават современи апарати (магнет нов, комјутерска томографија и други содветни апарати)…. Но, не они ќе пуштаат нешто што е направено од претходната власт и претходното раководство на болницата…“, пишува на својот фејсбук профил доктор Петар Атанасовски.
Реакција и од доктор Марија Андоновска
Прв пат од осамостојувањето, нема достојно одбележување на празникот на независноста. Организирале нешто „ради реда” само.
Срамота! Но тоа е реалноста за сега, власта е во рацете на нај антимакедонска партија СДС и нивните коалициони партнери, кој исто така не сакаат да го спомнат името Македонија! Денес Ковачевски бил во градска општа болница “8 Септември”.
Супер! 5 години оваа реномирана болница пропаѓа, ред е да и се посвети внимание. Денес беа само за сликање и парада таму или планираат да ги решат проблемите и криминалот што се случува последниве години!?
А ќе се реновира ли ГОБ „8-ми Септември“!? Замислете денес бандава која е на власт, промовирале апарат за зрачна терапија, купен за време на ВМРО ДПМНЕ , пред повеќе од 5-6 години!? Го чувале неспособниве толку време неупотребен“, пишува доктор Андоновска на својот фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.