Поранешната пратеничка на СДСМ, Славица Грковска. ќе биде новата вицепремиерка за борба против корупција на местото на Љупчо Николовски, кој пак би станал министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, објави „360 степени“.

На местото на Јагода Шахпаска во Министерството за труд и социјална политика би дошла Јована Тренчевска, која сега е директорка на Државниот инспекторат за труд. Пратеничката Славјанка Петровска, која беше заменик-министерка за внатрешни работи во техничката Влада пред предвремените парламентарни избори во 2020 година, би ја заменила Радмила Шекеринска. Како што објави „360 Степени“, пратеничката и нова потпретседателка на СДСМ; Бисера Костадиновска Стојчевска, е предложена за министерка за култура на местото на Ирена Стефоска.

СДСМ за вечер го свика Централниот одбор на кој треба да биде дефиниран списокот со членови на новата Влада а апотоа да биде испратен во Собранието.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.