Вработените во Фондот за здравство утре во 11 часот ќе излезат на протест поради незадоволството кај работниците за неусогласувањето на платите со растот на минималецот, објави Сител.

Претседателот на УПОЗ, Трпе Деановски во изјава за Телевизијата рекол дека вработените имаат три барања.

Имаме 3 барања: усогласување со минималната плата, да се донесе вредносен бод и да се зачуваат тие плати што ги имаат вработените и веднаш да се разреши целиот управен одбор на фондот, да се донесат нови членови кои веднаш ќе заседаваат и ќе донесат одлука со која ќе се заштитат вработените во фондот за здравство – изјавил Деановски за Сител.

Ако протестот не вроди со плод, тогаш ќе се активира и штрајк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.