Поради извршители професорка остана без кров на глава, извршителот продал имот кој не е на должник.
Драмата со иселувањето на професорката се случи вчера во Сопиште. Се работи за наводен долг од околу 20-тина илјади евра за кој е продадена цела семејна куќа по продажна цена од 160 илјади евра.
За трагедијата да е уште поголемо сопругот на Снежана Костадниовска Милошевска кој се јавува како должник во моментов се наоѓа во болница и се бори за својот живот.
Снежана тврди дека таков долг од 1,5 милиони денари кон оредена финансиска инстуција не постои, а за тоа семејството ги има сите докази.
Ситуацијата е суреална имајќи во предвид дека семејната куќа која извршителот на јавно надавање ја продал во само една третина припаѓа на сопругот на Снежана, а останатите две третини се на неговата сопруга.
Тоа значи дека извршителот отуѓил имот кој не е во сопственот на доверителот. За конкретниот случај извршителот добил судско известување дека куќата не е само во сопственост на сопругот на Снежана, но и покрај тоа замислете го продал имотот бидејќи состојбата не била заведена во катастер.
Koстадиновска открива дека прв бранител на семејството бил кумот на Драги Рашковски. Таа обвинува дека семејството била наместено од претходниот адвокат бидејќи има туѓи интереси и оти кај куќата треба да минува некаков цевковод.
Интересно е што извршителот го продава имотот по цена од 160 илјади евра иако истиот е проценет по пазарна вредност од 350 илјади евра.
Професорката реагира дека упадот на извршителите е противзаконски и упатува на судска пресуда според која таа е сопственик на дел од имотот кој не смее да биде запленет.
Изворите упатуваат дека во скандалот за заплена на домот на професорката и нејзино дисциплинирање, вмешан е човек од највисоките ешалони на власта и многу близок соработник на екс премиерот Зоран Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.