Сергеј Попов, претседател на Унијата на Младите сили на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 Отворено рече дека партијата има јасно дефиниран став, дека уставни измени под овие услови не може да се случат и остануваат на тој став.

Мицкоски кажа дека истиот став ќе биде пренесе и на лидердката средба која треба да се одржи. СДСМ доколку сака за било кое прашање во државата да се постави на консензус, консултациите со опозицијата не смее да се случуваат отпосле. Не може да се прифатат работи, а потоа да се обвинува опозицијата дека не ги прифаќа. Тоа не е пример само со уставните измени, туку и со договорите со Бехтел и Енка, и опозицијата да е виновна што не може да го импмлементираат тоа што сакаат. СДСМ се однесуваат како да имаат 80 пратеници, а имаат тенко мнозинство, а уставни измени под вакви услови нема да има, рече Попов.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.