Стана секојдневие „партијата на младите“ да ги разочарува студентите и сите категории на луѓе за кои таа ветува дека се бори. Пратениците-револуционери од политичката партија „Левица“, вчера не смогнаа сили да присуствуваат на гласањето на новиот Закон за субвенциониран студентски оброк, кој доаѓа по иницијатива на студентите, а беше првично поддржан само од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук лидерот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов.
Изгледа, дека овие „бескомпромисни борци за правда“ се појавија во Собранието за само да ручаат на сметка на граѓаните, а давањето поддршка за младите и студентите им беше во последен план.
Законот за кој долго време се залагаше пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ помина и без овие двајца бескорисни и деструктивни кловнови-пратеници, а она што е позитивно од целата ситуација е дека вистината излезе на виделина – Левица и Димитар Апасиев имаат само една употребна цел, ситнење на опозицијата и одржување на криминалната коалиција на СДСМ-ДУИ во живо, пишува Попов во својата објава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.