Претседателот на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, заедно со потпретседателката на партијата, Гордана Димитриевска-Кочоска и кандидатите за пратеници во ИЕ 1 од УМС, денеска остварија средба со млади во Аеродром.
„На мое големо задоволство, наши гости беа Хајди Ханела и Еделмира Фери, генерален секретар и потпретседател на YEPP , како и Владимир Клајиќ, генерален секретар на European Democrat Students.
Поддршката за победа на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, како кај нашите сограѓани, членовите и симпатизерите, така и кај нашите партнери од сестринските партии и организации во Европа.
Пораката која доаѓа од сите страни е јасна – ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која може да испорача реформи и европска иднина за Македонија“ – истакна Попов по средбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.